Двете партии кои се партнери во Влада се чини се уште се далеку од постигнување договор за трансформација на законот за финансиска помош за трето дете. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска не сакаше да зборува пред камер во врска со тоа до каде се преговорите со ДУИ за овој закон. Но, од МТСП во писмен одговор истакнаа дека ова прашање треба да го решат политичките партии.
Во ДУИ остануваат на ставот дека додатокот од 8 илјади денари за трето дете не треба да се укине. Граѓаните и натаму незадоволни поради укинувањето на оваа помош. Според нив, драстично ќе се намали наталитетот во Македонија.
Според новиот предлог, во врска со измените на додатокот за трето дете, државата нема да плаќа по 8 илјади денари. Со новите измени во МТСП, за трето дете ќе се доделува 60 илјади денари еднократна помош.