Македонија 29. јули 2020. / 20:26

ДУИ и СДСМ демантираат дека постигнале договор за влада!

ДУИ и СДСМ демантираат дека постигнале договор за влада!

Откако денеска весникот Коха објави дека коалицијата СДСМ-БЕСА ќе го земе коалицискиот партнер ДУИ на Али Ахмети, додека и Мендух Тачи ќе биде дел од Владата со што ќе се стигне до парламентарното мнозинство од 62 пратеници и ДУИ и СДСМ ја демантираа веста.

Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните, реагираше Артан Груби од ДУИ.

Тој додаде дека во кога ќе има конкретен договор јавноста ќе биде известена.

 Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани“, вели Груби.

Воспоставените пост-изборни контакти со СДСМ и другите партии се колегијални, пријателски, иницијални, секако за доброто на земјата и нејзините граѓани. Разговори за детали, како што се претставени, ниту имало ниту се договорени со ниту една од страните. ДУИ е транспарентна партија и сите процеси ги развива со вклучување и известување на граѓаните. Во моментов, ниту една од многуте вести во медиумите не е потврдена од наша страна, како и да е, кога ќе имаме нешто конкретно, ќе ве известиме благовремено“, тврди партијата на Али Ахмети откако денеска весникот Коха, објави дека е постигнат договор за новата влада и за ротирачки премиер.

СДСМ исто така ја демантира веста објавена на Коха.

Соговорници на порталот 360 степени од СДСМ тврдат дека засега не се водат преговори со другите парламентарни партии за состав на владата, а за информацијата што ја пренесе „Коха“ дека е постигнат договор меѓу коалаицијата „Можеме“ и ДУИ велат дека е „лажна вест“.