Македонија 13. јануари 2019. / 16:11

ДУИ е против предвремени избори

ДУИ е против предвремени избори

ДУИ е против распишување предвремени парламентарни избори кои евентуално би се одржале заедно со претседателските.

Доколку има избори ние како партија би имале многу подобри резултати во споредба со 2016 година, но во овој момент најбитно е сите сили да бидат насочени кон реформите за да не се изгуби драгоцено време за евроинтегративните процеси, вели Бујар Османи на прес-конференција денеска.