Тимот разузнавачи е составен со оперативци од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија. Улогата на македонската влада во оваа операција е „да собира и да шири дезинформации“, вели Дрецун, пишува Република.
Во Македонија е стациониран разузнавачки центар кој работи против интересите на Србија, изјави Милован Дрецун, претседател на собраниската комисија за Косово и Метохија во српскиот Парламент.
Дрецун за српски Курир изјави дека пред два месеца е формиран силен разузнавачки тим кој е маскиран во претставништвото на еден голем производител за автомобили во Скопје.
Целта на овие разузнавачи е да го блокираат решението на проблемот меѓу Белград и Приштина.
Според Дрецун тимот разузнавачи е составен со оперативци од Бугарија, Албанија, Северна Македонија и Германија.
Тој изјави дека во некои соседни земји се води силна кампања против било каков договор со Приштина и додава дека Северна Македонија станува центар за силно разузнавачко делување против интересите на државата Србија.
-Секое решение за Косово и Метохија е столб на стабилизација на регионот, а непостигнувањето компромис е подготовка за дестабилизација на регионот и создавање на Голема Албанија, изјави Дрецун.
Тој бара одговор од македонската Влада која е целта за формирањето на овој разузнавачки тим и чија е целта целосно да ѝ се наштети на Србија.
-Што може тие да работат, освен да собираат и шират дезинформации. Тимот не е формиран да штити наши интереси, туку сосема спротивното. Тоа воопшто не е наивно и секој момент може да изведат медиумска или политичка диверзија, дури и да предизвикаат немири, предупредува Дрецун.