Македонија 30. октомври 2020. / 23:20

Донирани прочистувачи на воздух на Клиниката за детски болести

Донирани прочистувачи на воздух на Клиниката за детски болести

Универзитетската клиника за детски болести во Скопје доби прочистувачи на воздух како донација преку кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“ на Mozzart и добитниот тикет кој го состави фудбалерот Благоја Тодоровски. Прочистувачите на воздух ќе бидат распределени во просториите на хемато-онколошкото одделение на Клиниката.

-Познатиот фудбалер изрази огромно задоволство што имаше можност да креира хуманитарен тикет, кој со малку знаење и среќа беше добитен. Добивката која изнесува 60.079 денари тој ја насочи за ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје, а за таа вредност од Клиниката побараа да се обезбедат прочистувачи на воздух за хемато-онколошкото одделение, соопшти компанијатa Mozzart.

Фудбалерот кој моментно се наоѓа во Албанија каде игра за клубот Теута Драч, немаше можност да присуствува на доделувањето заради професионални ангажмани, но својата поддршка ја даде виртуелно и носејќи златна панделка – симбол за поддршка на децата кои се борат против рак.

Донацијата на фудбалерот Благоја која е во рамки на Mozzart кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“ е од големо значење за нашата Клиника и малите пациенти кои престојуваат овде. Благодарност до компанијата Mozzart која повторно нè посети и благодарност до Благоја кој ја одбра токму оваа Клиника за остварената добивка, изјавија од ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести во Скопје.

Оваа кампања на Mozzart се реализира повеќе од една година, каде наши познати спортисти и познати јавни личности секој петок пополнуваат хуманитарни тикети, а на секој учесник од оваа хуманитарна кампања, компанијата Mozzart одобрува износ од 3.000 денари за составување на тикетот. Целата потенцијална добивка оди во хуманитарни цели, по избор на типувачот.