Македонија 20. септември 2019. / 14:12

Дончев: Не сум имал директен контакт со „Дијамед“, туку само две писма до шведската амбасада

Дончев: Не сум имал директен контакт со „Дијамед“, туку само две писма до шведската амбасада

Директорот на Фондот за здравствено осигурување , Ден Дончев рече дека немало никаква злоупотреба во врска со шведската компанија, кој деновиве беше обвинуван дека заедно со министерот Филипче спречиле влез на оваа компанија во земјата.

Во интерес на пациентите, кои заслужуваат квалитетна дијализа , беше избрана компанија со најдобра понуда. Нема никаков криминал, ниту попречување за влез на компанијата „Дијамед” со која не сум имал директен контакт, туку само две писма до шведската амбасада – рече директорот на ФЗОМ , Ден Дончев на прес конференција во Владата.