Во пресрет на одлуката за добивање датум за почеток на преговорите со Унијата во октомври, во вторник во посета на Македонија ќе допатува претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Тој ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а по разговорите ќе одржат и заедничка прес конференција.