Македонија 13. мај 2020. / 13:17

Донација на заштитна опрема од Турската Црвена полумесечина

Донација на заштитна опрема од Турската Црвена полумесечина

Во координација и поддршка од страна на Црвената турска полумесечина, пристигна донација од заштитна опрема наменета за Црвениот крст на Република Македонија.

Опремата е наменета за потребите на тимовите на Црвениот крст, како и останатите институции и здравствена работници вклучени во справување со последиците од епидемијата на Ковид-19 а воедно и за граѓаните.

Хуманитарна помош од заштитна опрема се состои од: заштитни маски за еднократка употреба 52.800 парчиња, заштитни маски „FFP2“ 1.800 парчиња, заштитни ракавици 10.000 парчиња, скафандери 2.000 парчиња и заштитни наочари  2.000 парчиња.

Амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, ја предаде медицинската помош испратена од страна на  Турската Црвена полумесечина на Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити.