Македонија 07. март 2020. / 14:59

Домашна изолација за 34 лица: Возачот на автобусот со нова тура од Италија чека на Табановце

Домашна изолација за 34 лица: Возачот на автобусот со нова тура од Италија чека на Табановце

Двајцата сопружници од Центар Жупа, кај кои вчера беше потврден корона вирусот, се во стабилна здравствена состојба. Тие се префрлени во Инфективната клиника во Скопје, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека, освен вчерашниот контакт, најдени се уште девет лица кои биле во контакт со заразените, од нивната околина на живеење. На нив им е определена домашна изолација.

Рече дека точната бројка на патници во автобусот е 28, од кои едниот е возачот, другиот државјанин на Албанија и двајца заразени, значи 24 други директни контакти на двајцата други пациенти се уште десет луѓе, пријатели и членови на семејството – тоа се околу 34 луѓе на кои ќе им биде назначена домашна изолација и надзор. Тие луѓе, рече Филипче, се од Скопје, Тетово, Дебар, Охрид и Велес.

Возачот на автобусот, со кој патувале сопружниците од Дебар, во меѓувреме, повторно заминал на тура во Италија. Автобусот сега е на Табановце. Автобусот ќе биде тргнат настрана и тртманот на патниците ќе зависи од состојбата на возачот.

– Сите патници се идентификувани, исконтактирани телефонски. Ќе биде назначена домашна изолација. Еден патник е жител на Албанија и за него го известивме и албанското Министерство за здравство. Возачот повторно заминал на тура за Италија, денеска стигнал односно од пред половина час е на Табановце. Автобусот е тргнат на страна, во посебна просторија во сопственост на Царинската управа, а возачот ќе биде прегледан и тестиран. Направен целосен увид, дел интервјуа се завршени, а ќе се направат на сите патниици кои влегле во земјата, рече Филипче.

Дополнително, министерот информираше дека целосно е подготвен и објектот за изолација во Демир капија. Тоа е дополнителен капацитет од оние кои беа одредени во Велес, Штип и Гостивар. Станува звор за новоизграден објект на МТСП, изолиран е и министерот вели дека е добро место ако има дополнителни граѓани кои ќе бидат во изолација.