Македонија 03. октомври 2018. / 16:41

Докторка се заканува дека нема да ги лечи бојкотирачите!

Докторка се заканува дека нема да ги лечи бојкотирачите!

-Од мене ќе следуваат санкции за бојкотирачите кои јадат леб од државни инситтуции – се заканува на фејсбук докторката Светлана Лазаревска – Гогоска, која работи во поликлиниката Букурешт.

Гоговска е само лекар кој не е на раководна функција, па од тука следува дека единствена “санкција“ која може да им ја даде на оние кои не излегоа на референдумот е да не ги лечи.

Како што дознава Економски Лидер, Светлана Лазаревска – Гогоска е префрлена во Здравствениот Дом Поликлиника Букурешт од 16.07 годинава а претходно работела во Гостивар.

Во описот на нејзиниот фејсбук профил, таа наведува дека никогаш не им ги заборава имињата на своите непријатели.

Останува на лекарската фела и нејзиниот совет на честа да одлучи дали доктор кој јавно упатува вакви закани, треба да биде на ваква функција. Економски Лидер очекува реакција и од Министерството за Здравство, од каде пак пред референдумот се заканија дека доколку тој не успее ќе имаме неквалитетни вакцини.