Инфектологот Жаклина Шопова преку својот фејсбук профил се обрати до министерот за здравство Венко Филипче барајќи од него да биде реалист и дека доблест е да се каже дека згрешил.
Таа додава дека народот е исплашен, а згора на тоа со него се игра топло – ладно. Порачува „доста веќе тонеме“, прашувајќи дали вака се оди во ЕУ.
– Во моментов покрај сите превентивни мерки кои сите ние треба да ги практикуваме, важно е навремено упатување, без страв, на сите кои имаат тегоби кај своите лекари и сите заедно да ја победиме оваа битка, како сите наши соседи, напиша Шопова.