Вечерва додека министерот за здравство, Венко Филипче гостуваше на „Топ Тема“ и тврдеше како пациентите заболени од корона вирусот во Македонија се со лесна слика, стигна вест како еден пациент на 45 години патувајќи накај болницата „8-ми Септември“ починал од истиот вирус.
– Оној добриот дел од приказната да кажеме е што огромен број од пациенти имаат многу лесна клиничка слика. Огромен процент близу 60-70% имаат лесен тек на болеста и поминува како горно респираторна болест, како настинка, како обичен сезонски грип, едно средна тешка форма која апсолутно може да има излекување – појасни Филипче.
Според дополнителната информација од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), 45-годишен пациент од Скопје, тестиран и потврден позитивен на Ковид-19 преку Ветеринарен факултет, починал на пат кон болницата „8-ми Септември“, соопшти владината прес-служба.