Македонија 17. јануари 2021. / 10:53

Додека цел свет се вакцинира, Филипче се фали дека му стигнале фрижидерите за вакцини

Додека цел свет се вакцинира, Филипче се фали дека му стигнале фрижидерите за вакцини

Целиот регион и соседните земји веќе започнаа со вакцинирање на населението против коронавирус. Но министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук се пофали дека пристигнале фрижидерите за чување на вакцините, кои другите држави ги имаа уште во ноември. Тој воедно најави и дека првите дози на вакцини се очекува да пристигнат во февруари.

Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините Фајзер. За кратко време ќе биде склучен договорот со овој производител на вакцини против Ковид 19. Сите дози резервирани вакцини ќе бидат испорачани со таа динамика како што беше најавено од овој производител. Направен е и планот за вакцинација и ќе се одвива во три фази. Во планот е прецизирано кои групи граѓани во која фаза ќе се вакцинираат. Нашиот здравствен систем е целосно спремен за вакцинација и во месец февруари се очекува да пристигнат првите дози вакцини на Фајзер и Ковакс механизмот, напиша Филипче.

 

Пристигнаа дел од фрижидерите во кои треба да се чуваат вакцините Фајзер. За кратко време ќе биде склучен договорот со…

Posted by Венко Филипче on Saturday, January 16, 2021