Македонија 09. ноември 2018. / 15:17

До крајот на годината ќе се знае што е спорно во историските учебници во Македонија и Бугарија

До крајот на годината ќе се знае што е спорно во историските учебници во Македонија и Бугарија

Претседателот на македонскиот тим на Комисијата надлежна за учебниците Драган Ѓоргиев објаснува дека Македонија и Бугарија немаат никакви различни гледишта за праисторискиот и античкиот период, забелешките се главно за содржините од средниот век: толкувањата за Самуиловата држава и за просветителите Кирил и Методиј.

 „Утврдени се пропусти и во нашите учебници и во бугарските учебници, анализата е започната само за некои учебници.”

Бугарскиот историчар Стефан Дечев вели дека очекува големи промени во историјата на двете држави, но предупреди дека за ваков потфат е потребен подолг временски период.

„Мислам дека крајните позиции од кои тргаат бугарската и македонската историографија во прво време ќе остварат дијалог кој ќе биде тежок. Но, во една подолгорочна перспектива јас мислам дека со отворање на историографијата една кон друга, со вклучување на повеќе млади кадри кои имаат современо образование гледано на долг рок ќе постигнат успех“.

Кон крајот на декември ќе има информација кои промени ќе се направат во функција на подобрување на учебниците и во Бугарија и во Македонија. Следната средба на експертите ќе биде во Софија.