Македонија 06. јануари 2019. / 13:21

Дивоградбите сеуште не се рушат: В.Д. градоначалникот на Охрид во коалиција со урбаната мафија?!

Дивоградбите сеуште не се рушат: В.Д. градоначалникот на Охрид во коалиција со урбаната мафија?!

Општина Охрид продолжува да биде рекордер по бројот на дивоградби во Република Македонија, со преку 400 дивоградби. Според тврдењата на извори на „Лидер“ од општината, ситуацијата не само што не се менува туку и станува поалармантна.

-Откако Константин Георгиески како заменик градоначалник и координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид не успеа ништо да направи Охрид да не биде на врвот на листата со најмногу дивоградби во РМ, односно како локална самоуправа не успеаа да одолеат на желбите на урбаната мафија во Охрид, сведоци сме дека во улога на в. д градоначалник првиот работен состанок го оддржал со Директорот на државниот инспекторат за градежништво. Замислете новогодишна желба им била да ги решаваат дивоградбите во Охрид. И добра е оваа активност, навистина е потребно да се стави крај на урбаното дивеење во Охрид заштитен знак за сите власти на СДСМ во Охрид. – вели нашиот извор од Охрид.

Граѓаните  кои се обратија до „Лидер“, го охрабруваат Константин Георгиески да почне со расчистување на овие состојби, и се прашуваат дали се вистинити чаршиските муабети за дивоградбите на раководството на СДСМ и коалициониот партнер за (хотели, поткровја и стамбени објекти).

-Доколку почне со рушење на овие објекти ќе покаже дека намерата му е чесна. Доколку тоа не го направи за ситно политички интереси ќе нанесе непоправлива штета на нашиот град.- велат тие.

Инаку, според нашите сознанија од Охрид, на власта баш не и е дојдено до решавање на овој проблем со 400 дивоградби во градот, затоа што голем дел од нив се во сопственост на блиску луѓе и функционери на владејачката партија.