Директорот на скопската Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе, става „лајк“ на пост на фејсбук во кој пишува дека Албанците се индијанци.
Тој на неговиот фејсбук профил во објава сподели слики од булеварот “Цветан Димов“ каде од неодамна се поставени бетонски банкини по средина на коловозот.
Во прв момент нема ништо чудно во објавата за која напишал „што убаво“, но тоа што вистински зачудува за директорот на најпосетената институција во градот, е неговата реакција со „лајк“ на коментар во кој пишува дека бетонските банкини „за индијанци е таман“.
Галетановски е партиски кадар и член на ИО на градската организација на СДСМ. На последните претседателски избори беше задолжен за градскиот штаб на сегашниот претседател Пендаровски и притоа упати тешки навреди кон професорката Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ.
Исто така Галетановски ја нарече македонската дијаспора „гнacи“ и порача никогаш да не се вратат во родната земја, бидејќи не гласале за Тамара Тодевска.