Македонија 31. октомври 2019. / 20:50

Директорот на НОБ ќе ги казнува вработените доколку хранат мачки, а хонорарците ќе ги брка

Директорот на НОБ ќе ги казнува вработените доколку хранат мачки, а хонорарците ќе ги брка

Оперскиот пејач Игор Дурловски преку Фејсбук сподели соопштение кое било поставено пред службениот влез на Македонската опера и балет (по ново Национална опера и балет).

Во него стои дека доколку вработените во НОБ и хонорарците хранат мачки кои што шетаат низ објектот ќе бидат казнети.

Вработените ќе бидат дисциплински казнети, додека за хонорарците ќе се преиспитува дали е неопходно од нивниот натамошен ангажман во институцијата.

Сето ова преку соопштение го наредил директорот Васо Ристов.