Македонија 08. март 2021. / 19:24

Димовски: Оваа влада е политички и кадровски истрошена

Димовски: Оваа влада е политички и кадровски истрошена

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека сме немале Влада со толку мало мнозинство, од 62 пратеници и сме немале мнозинство со толку различни политички партии. Опозицијата, на нивно македонско-албанска опозиција прилично компактно работи опозиционо во Собранието.

– Оваа влада многу лошо се справува со корона кризата по сите параметри. Економски се полошо станува и оваа влада е политички и кадровски истрошена. Има бројка од министри кои не ги гледаме во јавноста и не пласираат политики, рече Димовски.

Димовски укажа дека за многу министри се врзани и скандали и тоа наидува на силни реакции во јавноста.

– На Македонија ѝ треба друга влада и оваа влада не може да го истера цел мандат. Дури и Заев пратил сигнал преку повикот за широка влада, дека на земјата и треба промена, рече Димовски.