Македонија 30. октомври 2019. / 13:26

Димовски до Димитров: Оваа Влада на СДСМ е првата која одлучи да ја смени национална позиција во спорот со Грција

Димовски до Димитров: Оваа Влада на СДСМ е првата која одлучи да ја смени национална позиција во спорот со Грција

Пратеникот Илија Димовски му посочи на министерот за надворешни работи Никола Димитров за штетноста од Договорот од Преспа и дека тој не ја постигнал целта, а тоа земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Овој неуспех е поголем од 2012 година бидејќи крупните национални теми тогаш не беа ставени на маса. Оваа влада е првата која одлучи да ја смени национална позиција во спорот со Грција. Ниту една влада или претседател не излезе од националните рамки, посочи Димовски.