На прашањето за гласините дека владејачката коалиција морала да „купи“ осум пратеници, Димитров вели дека многу се разговарало и се убедувало зад кулисите. Но, пратениците, како што изјави, исто така поставиле услови за да го поддржат клучното гласање за два месеци вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за германски „Велт“, а во скратено издание го пренесува МКД.МК.
„Тие сакаат да интервенираат во амандманите во врска со заштитата на идентитетот на Македонците. И повикаа на создавање тело за политичко помирување, во кое би биле застапени сите партии“, изјави Димитров.
Во врска со телото за помирување во Парламентот и можноста некои пратеници да бида ослободени од кривичен прогон за 27 април, министерот вели дека мора да „бидеме многу внимателни да не ја нарушуваме демократската одговорност и основите на владеењето на правото, ова се клучните ветувања на оваа влада и тие се предуслов за почеток на процесот на пристапување во ЕУ“.
„Политичкото помирување е важно, ние мора да ја нормализираме нашата поларизирана земја. Од друга страна пак, не смееме да создадеме нови пречки на нашиот пат кон ЕУ.
Тоа е еден историски процес со многу пречки, и ова е последната шанса на мојата генерација да ја придвижи земјата напред“, изјави Димитров за „Велт