Македонија 12. ноември 2020. / 12:55

(ФОТО) Димитров во стиропор варијанта се појави на Комисијата посветена за Бугарија

(ФОТО) Димитров во стиропор варијанта се појави на Комисијата посветена за Бугарија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и шефот на Дипоматијата, Бујар Османи повторно не се појавија на Комисијата за надворешни работи.

Наместо во живо тој беше присутен виртуелно преку лик од стиропор. Димитров беше “седнат” веднаш до претседателот на комисијата Милошоски.

Собранието, и во членките на ЕУ и во Македонија, секогаш било место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања! напиша претседавачот со Комисијата, пратеникот Антонио Милошоски.

На Комисијата требаше да се изгради национален став наспроти Меморандумот на Бугарија.

Собранието, и во членките на ЕУ и во Македонија, секогаш било место за демократска расправа меѓу министрите и пратениците, за најважните национални прашања!
#КомисијаЗаНадворешнаПолитика
#СликаИмаТонНема

Posted by Antonio Miloshoski on Thursday, November 12, 2020