Македонија 24. април 2019. / 10:20

Димитров во работна посета на Хаг каде ќе го презентира напредокот на Република Македонија

Димитров во работна посета на Хаг каде ќе го презентира напредокот на Република Македонија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Хаг, Кралство Холандија.

Како што соопшти МНР, Димитров во Хаг ќе оствари средби со холандскиот колега Стеф Блок, како и со претставници на канцеларијата на холандскиот премиер, на Министерството за надворешни работи и членови на Парламентот.

Министерот Димитров ќе има обраќање и пред парламентарниот Комитет за европски прашања, каде ќе го презентира напредокот на Република Македонија во изминатиот период и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, во пресрет на овогодинешниот Совет на ЕУ во јуни.