Македонија 07. декември 2020. / 23:28

Димитров: Во март ЕУ ќе ни даде зелено светло за пристапни преговори

Димитров: Во март ЕУ ќе ни даде зелено светло за пристапни преговори

Сега не, ама во март ЕУ ќе ни даде зелено светло за пристапни преговори, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, кој вечерва беше гостин во Дневникот на ТВ Сител.

Земјите членки поддржуваат. Добивме зелено светло во март, треба да почнеме пристапни преговори. Во прашање е и вкупната политика на ЕУ кон Балканот. Мислам дека нема подрастичен случај од македонскиот. Во таа смисла, меѓу другото и заради билатерални прашања, па чекаат на нова методолија. Врз основа на таа методологија да се разработи преговарачка рамка и еве сега имаме еден ваков предизвик. Јасно е дека ние во контекст на ЕУ, за разлика од ОН и НАТО каде имаме целосно рамноправна позиција, во контекст на ЕУ ние сме надвор, Бугарија е внатре. Меѓутоа исто така ЕК и европските комесари, меѓу другото, се и чувари и промотори на европските вредности, рече Димитров.

И, додаде тој, во таа смисла според мене лично ова беше асиметричен повик за прашање што е наша работа.

Македонскиот јазик е во срцето на нашиот суверенитет, тоа е наша работа, нашето изразување како македонски народ е наша работа. За едно вакво прашања мислам дека во најмала рака изјавата требаше да биде упатена кон двете земји и кон земјата членка. И оваа битка не е само макдонска битка, нели да одиме напред таму каде што ни е стратешката цел. Оваа битка истовремено е и европска битка. Секогаш кога еден суштински важен, темелен, кристално јасен принцип на ЕУ е под знак прашање, секое молчење ја прави ЕУ послаба, бидејќи ЕУ не е само заеднички пазар туку е и заедница на вредности, рече Димитров во гостувањето на ТВ Сител.