Македонија 04. декември 2019. / 10:56

Димитров утре и задутре ќе учествува на Министерски совет на ОБСЕ во Братислава

Димитров утре и задутре ќе учествува на Министерски совет на ОБСЕ во Братислава

Македонска делегација предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе учествува на 26-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе се одржи на 5 и 6 декември 2019 година во Братислава, Словачка.

На Министерскиот совет, министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ ќе разменат мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Словачкото претседавање со ОБСЕ.

Се очекува да се усвојат и поголем број на одлуки и декларации што се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко – воената, економско – еколошката и хуманата димензија.

Димитров ќе има свое обраќање на Министерскиот совет и ќе ги претстави ставовите на Македонија за актуелните прашања на агендата на Организацијата.

Воедно, на маргините на Министерскиот совет, министерот Димитров ќе оствари средби со високите претставници на институциите на ОБСЕ, како и со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата.