Македонија 29. јануари 2020. / 11:01

Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин

Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре и задутре ќе престојува во работна посета на Берлин.

Димитров ќе учествува на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан со која ќе претседаваат германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан.

Како што соопшти МНР, во рамки на работната посета планирани се и средби на Димитров со негови колеги и други високи учесници на настанот, како комесарот за соседство и проширување Вархеји. Предвидено е министерот да се сретне и со високи претставници од Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел и германското Министерство за надворешни работи.

Посетата се случува во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите на ЕУ ниво за ажурираната методологија на Европската комисија за водење на пристапните преговори, како и одлуката за Македонија за отворање на преговорите, наведува МНР.