Македонија 02. јануари 2020. / 21:16

Димитров: Толку беше, не се спомена ниту Р од „Рекет“

Димитров: Толку беше, не се спомена ниту Р од „Рекет“

Имав разговор со нерезидентниот амбасадор на Латвија минатата година и изразив незадоволство што нивниот почесен конзул бил споменуван во истрага, но не разговаравме за случајот кој го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за Канал 5, пренесува Фокус.

Толку беше, не се спомена ниту Р од „Рекет“. За аферата разбрав некаде во јуни месец, кога веќе била отворена предистрагата од надворешен фактор. Важно е што има судска развршница, што има фокус во јавноста, но важно е и тој случај да не направи да ги заборавиме сите случаи од индициите за криминал од прислушуваните разговори , рече Димитров.