Македонија 22. март 2020. / 13:16

Димитров: Седум граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија

Димитров: Седум граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја информираше јавноста дека денеска на на Меѓународниот аеродром Скопје слета полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Македонија.

-Ја информирам јавноста дека денес во утринските часови на Меѓународниот аеродром Скопје слета полски хуманитарен чартер лет за да си ги врати дома полските државјани затечени во Македонија. Во соработка со полското МНР, понудивме враќање во земјата на македонските државјани во Полска кои побарале помош преку нашата Амбасада во Варшава. Од вкупно 33 пријавени, 7 граѓани се согласија да бидат во задолжителен карантин и денес се вратија. Добредојдовте дома! Благодарност до Полска, информира Димитров.