Иако ја поднесоа, за интерпелацијата на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, гласаа само 20 пратеници од ВМРО ДПМНЕ.
59 пратеници ја отфрлија иницијативата за интерпелација, но сите заедно потрошија цел ден на тема Никола Димитров.
Пратениците на владејачкото мнозинство ја бранеа неговата работа, а посебно придонесот за решавање на спорот за името со Грција, а оние од опозицијата токму поради тоа бараа министерот да си оди од функцијата.
Министерот Димитров во завршното обраќање ги повика сите пратеници од власта и од опозиција да се фокусираат на приоритeтите и да дебатираат за економијата.
–Ние конечно се исправаме на нозе. Порано или подоцна со мудра политика, помалку навреди и повеќе заедништво, мислам дека светлината ќе ја победи темнината. Да се расправаме за работи што се вредни за расправање, даночната политика, економијата и слично. Дајте да се фокусираме на економски прашања, а ни бидат прашање на живот или смрт кој ќе победи, а кој ќе биде опозиција, рече Димитров.