Македонија 11. март 2021. / 21:14

Димитров се оправда: Еве зошто Македонија не доби помош од фондот за солидарност на ЕУ

Димитров се оправда: Еве зошто Македонија не доби помош од фондот за солидарност на ЕУ

Преку својот Фејсбук профил, Вицепремиерот за европски прашања и поранешен Министер за надворешни работи, Никола Димитров, објасни зошто Македонија не добила помош од фондот за солидарност на Европската Унија.

– Во мај лани СЕП доставил информација до владата со барање сите институции да ги пријават сите трошоци поврзани со здравствените аспекти на пандемијата.
За да добиеме помош како држава од ЕУ фондот за солидарност минималната вкупна сума на овие трошоци за првите четири месеци на кризата требало да надмине близу 31 милиони евра (пресметана како процент од македонскиот бруто национален доход).
Нашите институции, сите заедно, пријавиле дека вкупно потрошиле под 8 милиони евра со што не сме го исполниле условот за помош преку овој механизам. Рокот за аплицирање бил на 24 јуни минатата година, пишува Димитров на својот Фејсбук профил.