Македонија 31. октомври 2019. / 17:59

Димитров приреди работен појадок за шефовите на делегациите на ЕУ од земјава и регионот

Димитров приреди работен појадок за шефовите на делегациите на ЕУ од земјава и регионот

Денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров приреди работен појадок за шефовите на делегациите на ЕУ од земјава и регионот, кои престојуваат во земјава по повод нивното меѓусебно регионално советување, кое за прв пат се одржува во Скопје.

На работниот појадок присуствувале и претставници на Службата за надворешни работи при ЕУ (ЕЕАС) и на Европска Комисија, како и на нашето Министерството за надворешни работи.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, на состанокот имало отворена размена на мислења за состојбите по октомврискиот Европски совет и за можните идни чекори кои ќе претставуваат корист и за Регионот и за ЕУ.