Во своето гостување на Сител Тв, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров потенцира дека очекува министерот за европски прашња, Михаел Рот да се осврне на напорите на Германија за проширувањето на Унијата.
Исто така, Димитров вели дека не очекува оваа недела пробив за започнување на пристапен процес на преговори со ЕУ.
„Утре има цело прашање на проширување како точка за информирање и мислам дека министерот за европски прашања Михаел Рот на Германија веројатно ќе се осврне на нивните напори и претпоставувам на прес-конференцијата најавена по завршувањето на тој состанок дел од работите ќе сподели и со јавноста, мислам дека за жал најверојатно нема да има пробив оваа недела, за пробив подразбирам ние како Македонци коишто зборуваат македонски јазик, да почнеме пристапен процес што ќе ни ја европеизира нашата држава, ние сме апсолутно заинтересирани за ЕУ, од агендата за европеизација не отстапува и нема никогаш да дигнеме раце, меѓутоа истата таа ЕУ подразбира како суштинска темелна вредност почитување на културните, јазичните различности на сите европски народи, денес баш кога сум ваш гостин одбележуваме годишнина од освојувањето на Повелбата на ЕУ за темелни права, каде што во преамбулата токму за овие прашања се зборува, се надевам дека ЕУ ќе најде сили сите земји членки да ги убеди да бидат на линија на вредностите на ЕУ“, изјави во гостувањето на Сител, Димитров