Македонија 15. март 2020. / 23:14

Димитров објави дека Македонците заглавени на границите тргнале кон дома

Димитров објави дека Македонците заглавени на границите тргнале кон дома

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва објави дека македонските граѓани кои патуваа кон дома, а поради вонредните состојби и затворените граници беа заглавени на меѓуграничните простори, се на пат кон Македонија.

Долг ден ама вредеше. Голем дел од македонските превозници ја поминаа италијанско-словенечката граница, со обезбедена траса преку Хрватска и Србија. Граѓаните што денот го поминаа на Бајаково/Батровци на хрватската страна, влегуваат во Србија. Исто така, голема група македонски државјани кои чекаа на преминот Хоргош во Унгарија почнаа да влегуваат во Србија. Ве чекаме дома! – порача Димитров.