Македонија 13. јануари 2019. / 13:22

Димитров: Нема веќе ФИРОМ

Димитров: Нема веќе ФИРОМ

Никола Димитров денеска на прес-конференција се огласи по изгласувањето уставни измени.

– Нема веќе ФИРОМ, имаме зачуван идентитет и го добивме она за кое се боревме од осамостојувањето, а вратите за иднината се отворени, вели министерот Димитров.

Додава дека ја презеле одговорноста на нивната генерација, наместо да се остави на идните генерации.

Многу генерации поминаа чекајќи, а со ова решение го правиме тоа што одамна ни следува. Обезбедуваме членство во НАТО, додава тој.