Македонија 09. мај 2019. / 10:04

Димитров: Не си заминувам, ми прават хајка

Димитров: Не си заминувам, ми прават хајка

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров ги демантира последните шпекулации дека си заминува од функцијата и својата професионална кариера ќе ја продолжи како советник и аналитичар во влијателниот Институтот „Брукингс“ во Вашингтон, близок до Демократската партија, наводно, наводно за сочна плата меѓу 12 и 14 илјади долари. Вели дека му се прави хајка. Информациите беа објавени синхронизирано од проопозициските портали, а беа демантирани од неговиот кабинет.

Безобразно лажна вест, злонамерна шпекулација и ништо повеќе е веста дека министерот за надворешни работи Никола Димитров си заминува од оваа функција, коментираа од кабинетот.

Според објавените информации понудата за нова кариера во САД министерот Димитров, наводно, ја добил во периодот пред потпишувањето на Преспанскиот договор, лично од поранешната амбасадорка на САД во НАТО, Викторија Нуланд, која сега исто така е дел од овој институт и од нејзината колешка Аманда Слоут, за која се зборува дека делумно помагала во пишувањето на Договорот со Грција. Димитров, наводно, оваа своја опција му ја соопштил и на премиерот Зоран Заев на почетокот на март оваа година, откако видел дека дефинитивно нема да биде кандидатот на власта за претседател на државата, понуда на која искрено се надевал и ја очекувал по ставањето на својот потпис за „Северна Македонија“ на Преспанскиот договор.