Македонија 24. јуни 2020. / 22:30

Димитров не одговори зошто не реагирал на изјавата на Џамбаски дека со малку ќотек ќе станеме добри Бугари

Димитров не одговори зошто не реагирал на изјавата на Џамбаски дека со малку ќотек ќе станеме добри Бугари

За време на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, не даде конкретен одговор на прашањето на Гордана Силјановска зошто не реагирал на навредите на бугарскиот европратеник дека со ќотек ќе станеме Бугари

Сега сме НАТО членка и сме на исто ниво со Бугарија. Завршен е процесот во ОН. Овој тип на испади како на Џамбаски треба да станува исклучително срамен. Договорот со Бугарија е потпишан на македонски и бугарски јазик. Ако ние одговараме со слична реторика само ќе привлечеме повеќе. Европската интеграција е неспоива со правото на самоопределување. Затоа ќе зборуваме и со ЕУ и со Бугарија – изјави Димитров.