Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска на владина седница ќе ја достави кандидатурата на досегашниот советник на премиерот Зоран Заев за надворешна политика, Дане Талески за амбасадорската позиција во НАТО.
Како што завчера брифираа од владата Талески е кандидатот кој ќе ја пополни оваа клучна позиција во момент кога земјата наскоро очекува да стане 30. членка на НАТО, но сепак непополнети ќе останат повеќе амбасадорски позиции, од кои некои се стратешки за земјава како таа во Вашингтон.
Дваесет и седум амбасадорски места, со тоа во НАТО, за кое денеска треба да се одлучува на владина седница се уште не се пополнети.