На барање на шпанската страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров разговарал со Аранча Гонзалес Лаја, шпанската министерка за надворешни работи, ЕУ и за соработка.
Како што соопштија од МНР, за време на разговорот Димитров се заблагадори за отворената и принципиелна поддршка од Шпанија за нашите европски и евро-атлантски интеграции, изразувајќи задоволство од нивната посветеност како за заокружувањето на НАТО членството, така и за нашиот пробив на европскиот пат.
Соговорниците направиле осврт на епидемиолошката состојба во двете земји, но и пошироко, во контекст на здравствените предизвици со кои тие се соочуваат, како и на социо-економските последици од кризата и можни решенија за нивно надминување преку заедничка соработка и солидарност.
Министрите размениле мислења и за повеќе актуелни прашања од регионот. Тие ја потенцирале важноста од натамошно динамизирање и продлабочување на одличните билатерални односи, со заемна заложба за јакнење на пријателските врски меѓу двете држави..