Македонија 16. јули 2018. / 13:07

Димитров на проштална средба со амбасадорката на Австралија

Димитров на проштална средба со амбасадорката на Австралија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска, во проштална средба ја прими Џулија Фини, вонреден и ополномоштен амбасадор на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград.

Изразувајќи задоволството од плодниот ангажман на амбасадорката Фини во изминатите четири и пол години, министерот Димитров ѝ врачи благодарница за нејзиниот придонес во промовирањето и збогатувањето на пријателството и соработката меѓу двете држави.

Димитров и Фини се согласија дека политичките односи меѓу двете земји во изминатиот период бележат постојан нагорен тренд. Оваа година дополнително ja одбележа и посетата на министерката за надворешни работи Џули Бишоп на Република Македонија, која даде значаен импулс за билатералната и мултилатералната соработка на двете земји.

Амбасадорката Фини упати честитки за постигнувањата на Република Македонија на планот на европските и евро-атлантските интеграции.