Македонија го признава Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуела, напиша денеска на Твитер македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров.
– Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на собранието на Венецуела, Гуаидо, за привремен претседател, во согласност со Уставот, за да ги спроведе претседателските избори слободно, праведно и демократски. – напиша Димитров.