Македонија 29. октомври 2019. / 11:52

Димитров: Кога Европа беше подготвена, тогаш градевме споменици

Димитров: Кога Европа беше подготвена, тогаш градевме споменици

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за првпат по недобивањето на датум се појави на Комисијата за Европски прашања.

Во своето излагање тој потсети на изјавата на Јункер дека одлуката е историска грешка на Европскиот совет, а истакна дека од ЕУ земјава добила признание за реформите и за постигнатото.

Според него, вината за тоа што не го добиме заслужениот датум треба да се бара и кај опозицијата која не го искористила моментот кога ЕУ била подготвена за проширување.

– Ги испуштивме возовите кога Европа беше спремна, тогаш градевме споменици, рече Димитров.

ВМРО-ДПМНЕ негодуваше на оваа изјава на министерот и ја напуштија седницата.

Димитров утре ќе говори и на комисијата за надворешни работи.