Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на неговиот профил на „Твитер“ напиша дека ги размениле вербалните ноти со Грција. Тој изрази надеж дека денешниот ден ќе биде почеток на долготрајно пријателство меѓу Грција и Северна Македонија.
Не можеме да го смениме нашето минато, но можеме и ќе ја обликуваме нашата иднина на пријателство, партнерство и соработка, напиша Димитров на „Твитер“