Македонија 24. јули 2018. / 14:36

Димитров: Ќе има пот и солзи, ама ќе успееме да го смениме името

Димитров: Ќе има пот и солзи, ама ќе успееме да го смениме името

Мислам дека она што го правиме е есенцијално за младите во Македонија. Во МНР влегов на возраст од 23 години. Тогаш, никој не ме праша за партиска книшка. Но, загубивме една цела генерација во чекалнa, вели министерот за внатрешни работи Никола Димитров.

Тој им посочи на младите дека мора да бидат храбри и да се соочат со одговорноста.

„Можам да се жалам колку светот не е фер или да се соочам со реалноста и да го направам доброто за својата земја. Живееме во регион кој има многу проблеми. Многу е важно да влеземе во НАТО, за да не се прашуваме каде ќе ни бидат границите за 5 или 10 години од сега. Немаме време за губење“ кажа Димитров!

Димитров истакна дека е свесен дека нема да цветаат само рози, но според него најголемата шанса за нашата земја да стнае европска е да се качи на тој воз! „Треба да направиме промени. За мене ова е последната шанса за мојата генерација. И ние ќе го направиме тоа, затоа што е поголемо од актуелната политика, па и да значи политичка саможртва…

Мојата работа е до следниот јуни да создадам услови да биде срамота за било која членка на ЕУ да не го прфати стартот на преговорите во Македонија“, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров.