Министерот за надворешни работи, Нокола Димитров, преку фејсбук повика на фокусирање на заедничката закана од корона вирусот и сите каранци, особено политичките да се остават за откако земјата ќе се справи со пандемијата.
Тој на фејсбук сподели цитат од Виктор Иго кој денеска бил употребен од Кристалина Георгиева, директорка на ММФ за време на нејзиното обраќање за приоритетите на глобалната економија кога светот се соочува со пандемијата. и гласи: “Големите опасности имаат една добра страна, од туѓинци прават браќа.”
Министерот за надворешни апелира во овие моменти да бидеме едно, па како што вели, ако ни е толку мерак, ќе има мегдан и за старите судири.