Македонија 24. јуни 2018. / 22:31

Димитров како на пазарче: Ќе дели домати за сите што ќе ја поддржат Македонија

Димитров како на пазарче: Ќе дели домати за сите што ќе ја поддржат Македонија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вети пакет домати за сите земји кои ќе поддржат почеток на преговори на Македонија со Европската Унија.

„Највкусниот домат во светот! Кој и да го поддржи почетокот на разговорите за пристапување на Македонија со ЕУ следната недела, ветуваме дека ќе ви испратиме пакет со свежи македонски домати по пошта“, се пошегува Димитров на Твитер.

Покрај објавата, тој сподели фотографија од сецкани домати со лук и магдонос.