Македонија 03. март 2019. / 17:07

Димитров: Изборот нема да биде тежок – со среќа Стево!

Димитров: Изборот нема да биде тежок – со среќа Стево!

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров попладнево преку порака на Фејсбук му го честиташе изборот на Стево Пендаровски, кого го изгласаа делегатите на Конгресот на СДСМ и ќе биде заеднички претседателски кандидат на СДСМ и ДУИ и на уште 29 политички партии од владејачката коалиција на изборите на 21 април.

– Ни требаат и фер, мирни и демократски претседателски избори и избор на претседател кој ќе биде принципиелен партнер на владата во реализацијата на историската цел. Принципиелен партнер, но и коректив на начинот на водење политика. Мислам дека изборот меѓу кандидатите, посебно меѓу госпоѓата Силјановска и Стево Пендаровски нема да ви биде особено тежок. Со среќа Стево! – напиша Димитров на неговиот Фејсбук.