Македонија 24. јануари 2019. / 20:56

Димитров: Истите тези владејат и кај двете опозиции, очигледно е дека немаат решение

Димитров: Истите тези владејат и кај двете опозиции, очигледно е дека немаат решение

Министерот за надворешни работи Никола Димитров запрашан околу динамиката на усвојување на Договорот од Преспа во грчкиот парламент и жолчната дебата која таму владее, во споредба со процесот во Македонија кој делуваше како поедноставен и побрз, кажа дека тој бил заедно со премиерот Заев за време на целиот процес до донесување на уставните измени, и дека воопшто не било лесен процесот, ниту едноставен.

Сега дури ме чека и интерпелација. Но тоа што ме фрапира е вокабуларот од страна на опонентите на договорот. Ние кои сме од страната на власта, говориме за решенија, за напредок, тие зборуваат само за проблеми. Говорат за национален пораз, дека пребрзо оделе преговорите, повикуваат на катастрофизам. Истите тези владејат и кај двете опозиции, и македонската и грчката. Говорат дека немало национален консензус. Слушнав дека Бакојани зборувала како имала проблем со макеоднскиот јазик додека била министер. Очигледно, тоа што испливува додека ги слушаме е дека немаат решение. Ова е судир на прогресивните и ретроградните сили. Би било интересно да ги седнеме двете опозиции и да видиме што двете опозиции би се договориле за македонскиот јазик, кажа Димитров.

„Мојот пријател Косијас им кажа во парламентот: Не само што не пронајдовте никакво решение, туку сега пробувате и да не закочите“.