Македонија 03. септември 2018. / 13:02

Димитров имаше проштална средба со Шчербак: Македонија е ориентирана кон ЕУ и НАТО, но сака добри односи со Русија

Димитров имаше проштална средба со Шчербак: Македонија е ориентирана кон ЕУ и НАТО, но сака добри односи со Русија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Николаевич Шчербак, кој ја завршува својата дипломатска мисија во Скопје.

Како што соопшти МНР, Димитров изрази надеж дека односите меѓу двете земји во иднина ќе се развиваат во духот на традиционалното пријателство и меѓусебно уважување. Притоа тој укажал дека Република Македонија, стратешки ориентирана кон евро-атланските интеграции, придава значење и на развивање на односите со Руската Федерација и е подготвена за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

Димитров на Шчербак му посакал успех во извршувањето на идните функции.