Главна тема на средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Србија, Никола Димитров и Ивица Дачиќ, одржана во Ниш, била олеснување на ограничувањата меѓу двете држави поради епидемијата на корона вирусот и отварање на границите.
Димитров, на прес-конференцијата изјави дека Македонија и Србија имат среќа што блискоста, врските и пријателството меѓу двата народа е толку цврсто што и покрај повременети напори на политиката, не успеваат да направат никаква штета на тоа пријателство.
Во одно на прашањето за датум за отварање на македонската граница, Димитров информира дека во консултација со министерот за здравство, Венко Филипче, имале првичен план границите на Македонија да се отворат кон средината на овој месец.