Македонија 24. септември 2018. / 14:16

Димитров го запрашаа чиј празник е Илинден – еве што одговори (ВИДЕО)

Димитров го запрашаа чиј празник е Илинден – еве што одговори (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работни Никола Димитров, на прес-конференција беше запрашан ,,чиј празник е Илинден”.

Тој по подолга пауза, го даде следниот одговор:

-Одите во претпоставувам на другиот договор со прашањето. Имате алузија. Значи во нашиот регион Балканот имаме многу богата историја и многу испреплетена историја. Целта на комисиите што ги формиравме и со Бугарија и со Грција. Со Бугарија комисијата имаше првичен состанок, со Грција се уште не ама комисијата е формирана, е како историските наративи на нашите на Македонија и на нашите соседи е да не бидат еден против друг туку да бидат покомплементарни. За нас Илинденското Востание е еден од столбовите на кои што почива македонската држава, 2 Август 1903 година. Бугарија има друг поглед и затоа, задачата на историчарите не на политичарите е како да најдат заеднички јазик и како тоа да не биде непомирливо. Ние ништо не губиме ако тој голем настан е важен и за друга држава и за друга историска традиција, вели Димитров.