Македонија 27. мај 2019. / 10:17

Димитров флертува со Русија и Кина: ЕУ ќе го изгуби влијанието ако не ни даде датум за преговори

Димитров флертува со Русија и Кина: ЕУ ќе го изгуби влијанието ако не ни даде датум за преговори

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за „Фајненшел тајмс“ изрази надеж дека Европската унија ќе даде датум за почеток на преговорите со Македонија, но и предупреди дека ако тоа не се случи Русија и Кина ќе го зголмат влијанието во државата.

Според него, ако Европа не може да направи разлика на Балканот, тогаш тешко е да се замисли како тоа ќе направи разлика на друго место.

– ЕУ ќе го изгуби влијанието на Западен Балкан и ќе ризикува да ги зајакне ривалите како што се Русија и Кина ако не го одобри „уверливиот случај” на Северна Македонија и не донесе одлука да започне преговори за пристапување на земјата. Ќе биде тешко да разговараат со крената глава за трајни поблиски врски меѓу Брисел и регионот, ако земјите-членки на ЕУ не успеат да ја потврдат одлуката за започнување на процесот на пристапување. – истакнува Димитров.

„Фајненшел тајмс“ потсетува дека останува да се види дали Франција, Германија и Холандија ќе ги поддржат аргументите на многу европски дипломати дека балканската земја ги исполни обврските, вклучувајќи го и договорот за името со кој беше ставен крај на деценискиот спор со соседна Грција.

Димитров вели дека не може лесно да ја разбере загриженоста кај некои во ЕУ, и нагласува дека Северна Македонија создаде атмосфера во која би било речиси срамно да не се постигне консензус за нејзиниот случај.